Футсал репрезентацијата на Македонија лошо стартуваше во квалификацискиот циклус за Светското првенство (СП) во 2020 година и на турнирот кој се игра на домашен терен, во првиот натпревар загуби од Словенија (1-6). Селекторот Иван Божовиќ се соочи со големи проблеми и повреди на клучни играчи непосредно пред стартот на турнирот, а тоа беше евидентно во нашата игра. Словенија беше далеку подоминантна и направи исчекор кон едно од местата кои водат во наредната рунда. Следен дуел за нашите футсалци е закажан утре попладне, од 17:30 часот против Косово, додека последниот меч е на 27 октомври против главниот фаворит во групата Украина.