Се чини дека фер-плејот е сè повеќе изоставен од спортските настани, но не и на натпреварот помеѓу футсал екипите на Пенисколе и Интер Мувистар. На овој дуел можевме да бидеме сведоци на ретка одлука на еден футсал играч, кој иако имаше одлична можност да постигне гол, тој се одлучи топката да ја упати во аут, откако виде дека противничкиот играч лежи на паркетот, барајќи помош. Најдобриот светски футсал играч Рикардињо беше тој кој се пожали на повреда, а реакцијата на противникот заслужува секаква пофалба.