Футсал клубот Велес, по теркот на реномираните големи спортски колективи од пред неколку дена доби официјална клупска химна во изведба од велешанецот Мики Секуловски. Клубот по превземањето од долгогодишниот селектор на нашата футсал селекција и веќе поранешен прв човек на Железарец, Васко Скендеровски, доминира на стартот од новата сезона и веќе јасно ги искажа амбициите за двојната титула, во домашното првенство и во Купот. Во продолжение проследете ја химната која е потркрепена со спот во кој покрај Секуловски учестуваат и играчите на клубот, како и Бојана Скендеровска, претседателот на клубот, инаку наша позната пејачка.