Футсал репрезентацијата на Македонија како првопласирана патува во квалификациите за Светското првенство, затоа што во дуелот со Албанија славеше со 3-2 (1-2) и дојде до третата победа во третиот меч од претквалификациската рунда за пласман на Мундијалот. Дуелот против Албанците донесе искри, жар, голема борба, а во еден момент имаше и мал физички конфликт меѓу играчите, но се беше во жар на борбата за победата. На крај Македонија се радуваше, па како лидер оди во квалификациите.