Златната патика на ЕП во футсал ја поделија Шпанците Мигелин и Ривилос

Златната патика на штотуку завршеното европско првенство во футсал, кое се одржа во Белград (Србија) ја поделија Шпанците Мигелин и Марио Ривилос. И двајцата во шампионскaта титула на Шпанија имаа учинок од 6 гола и 4 асистенции. 

Сребрената топка ја освои Шпанецот Алекс со 6 гола и 2 асистенции, а бронзената топка му припадна на португалскиот магионичар Рикардињо, кој исто постигна 6 гола, но немаше асистенција за своите соиграчи. Признанието за најдобар играч шпанските репрезентативци го презедоа од натураизираниот Русин, Едер Лима, кој не настапи во финалето поради жолти картони.

Во финалето Шпанија славеше убедлива победа против Русија со 7-3. Во мечот за бронзата домаќинот Србија не успеаа да ги израдува 11.000 гледачи, бидејќи беше поразена со 5-2 од Казахстан, кој ја испиша својата футсал историја.