Железарец убедлив на пролетниот старт

Фудбалерите на Железарец во акција

Првакот Железарец го започна пролетниот дел од сезоната во најсилната македонска футсал лига со убедлива победа против екипата на СЕЕ Университи славеше со убедливи 9:0.

На првиот гол се чекаше до 9. минута кога Ранготов успеа да го отвори резултатот со кој и се отиде на одмор. Во 23. минута два гола на Железарец преку Иван Крстевски и Даниел де Соуза за водство од 3-0. Со автоголот на Каремани, головите на Ранготов и Даниел постигна, па на Крстевски и пак на Ранготов веќе беше 6-0.

Конечните 9-0 на оваа средба ги постави Александар Глигоров во 39. минута.

Железарец ја продолжува серијата од 11 победи во исто толку одиграни средби и се зацврстува на првата позиција на табелата со 33 освоени бодови.