Железарец со убедлив пораз од Феникс тргна во Футсал-купот на УЕФА

Македонскиот футсал-првак, екипата на Железарец тргна со убедлив пораз во УЕФА Футсал-купот. Во СЦ „Борис Трајковски“ нашите футсалци загубија со 0-5 од Феникс и покажаа дека кризата која ги „здрма“ ќе влијае на нив оваа сезона.

Многу фудбалери од Скопје направија трансфер во Велес, што резултираше на играта на нашиот првак. Феникс уште по првото полувреме имаше водство од 0-3, додека во второто додаде уште два гола.

Во наредното коло кое се игра денес, Железарец игра против Тбилиси од Грузија.