• Горан Упале
Уште еден убедлив натпревар на актуелниот футсал шампион на Македонија, Железарец. Во 19. коло лидерот на табелата во салата „Форца“ беше поуспешен од екипата на СЕЕ Университи, победувајќи со 13 гола разлика, 14-1.
Стрелци на головите за победничката екипа беа: Даниел (4), Агуши (2), Ранготов (2), Крстевски (2), Левески (2), Тодоровски и Леовски, а почесниот гол за гостинската екипа го постигна Саити.
Во рамките од ова коло се одиграа и средбите: Илирет – Скопје 9-6, Хедис – Велес 7-9, Шкупи – Мал Ајакс 7-4, Јувентус С. – Црна Река 13-7. На табелата убедливо прв е Железарец со 55 освоени бодови, пред Хедис и Шкупи кои имаат по 39 бода.