• Зоран Мишевски
КМФ Железарец продолжува дa ги освојува титулите во домашниот шампионат во футсал. Момците на тренерот Иван Божовиќ ја совладаа екипата на Црна Река од Кавадарци со 1-13 и математички ја потврдија тулатата на пет кола до крајот.
Железарец сега има 16 бодови предност пред второпласираниот Шкупи и никој не може да ја загрози осмата шампионска титула во домашниот футсал шампионат.
Следната сезона Железарец ќе ја претставува Македонија во квалификациите од Еврокупот на УЕФА.