• Зоран Мишевски

Футсал екипата на Железарец ја синоќа во Битола во финалето на Купот на Македонија ја совлада екипата на Јувентус Серава со убедливи 7-0.
Репрезентативецот Мартин Тодоровски и Таулант Исмаили ги постигнаа головите за 2-0 за „зелените“.
Тодоровски погоди по втор пат за 3-0, а Леовски, Петровиќ, Крстевски и Ранготов ја завршија работата за убедлиба победа за екипата на Божовиќ. Со оваа титула уште една футсал сезона во Македонија заврши во знакот на двојната круна на Железарец.