Железарец го доби дербито со Кепи Моби, убедлива победа и на КМФ Шкупи

Викендов започна новата сезона во Првата македонска футсал лига. Екипата на Железарец го доби дербито против Кепи Моби со 5-4. Велешани лошо го отворија натпреварот и по првите дваесет минути губеa со 4-0. Во вториот дел следеше подобра игра, но недоволна за да се освои барем бод.

На останатите натпревари КМФ Овче Поле го надигра КМФ Карадаку со 6-3, КМФ Црна Река минимално загуби од КМФ Форца 2015 со 2-3, а КМФ Шкупи 1927 го декласира КМФ Осогово 2022 со 5-1.

Колото ќе се затвори со натпреварот меѓу Клими и Бутел.