• Сашо Поповски

Екипата на Железарец го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Пескара, каде треба да настапи на УЕФА Футсал купот. Скопската екипа е спремна за секакво изненадување, иако се спротивставува на екипи со поголем буџет и секако поголеми квалитети и искуство во вакви натпревари. Самото учество на купот е најголем успех на клубот и на македонскиот футсал.
На турнирот, покрај домаќинот Пескара, ќе настапат и екипите на Тулпар од Казахстан и Хале Гонк од Белгија. Турнирот ќе трае од 11. до 14. ноември. Железарци, првиот натпревар го играат против домашната екипа на Пескара, в среда на 11. ноември во 20.00 часот.