Железарец денес игра во Велес, но со мислите е во Пескара

Македонскиот футсал шампион, Железарец полека ги завршува подготовките за настап во елитната рунда од УЕФА Футсал купот, кој ќе се одржи во Пескара, Италија. Турнирот започнува на 18. ноември.

Претходно нашиот шампион, денес од 18 часот во Велес, гостува кај КМФ Велес со една главна цел, да се освојат бодовите и од овој натпревар, но исто така да се воигра екипата за следните меѓународни натпревари. Овој натпревар ќе треба да биде искористен и како дел од завршните подготовки на тимот, но исто така и да се штедат силите за она што го очекува тимот во Пескара.