„Железарците“ очекувано поразени од моќната Пескара

Футсал-Железарец2

Екипата на Пескара го победи нашиот футсал шампион Железарец со 2-0 во првиот натпревар од елитната рунда од УЕФА Футсал купот. Домаќините кои важеа за големи фаворити на оваа средба успеаја да забележат победа благодарение на два брзи гола на почетокот на натпреварот. Во 3. минута од средбата, Калдероли искористи една долга топка, убаво се ослободи од својот чувар и шутираше прецизно за водство од 1-0. Во 7. минута од натпреварот добро проигрување на Реша кој биеше прецизно кон голот на Железарец, а голманот Петровски беше немоќен. 

Одличен на голот на Железарец беше Антонио Петровски кој имаше 21 успешна одбрана на оваа средба и секако го заслужи епитетот херој на овој натпревар за Железарец. Утре од 17.30 часот Железарец го игра вториот натпревар од оваа група Б против екипата на Тулпар од Казахстан.