ФОТО: Започнаа подготовките во „Комбанк Арена“ за ЕП во футсал

По завршувањето на Европското првенство во ватерполо, „Комбанк Арената“ по заедничкиот договор на УЕФА и Фудбалскиот сојуз на Србија, за кој УЕФА плати 250.000 евра, ќе биде преименувана во „Арена“ за потребите на ЕП во футсал, кое ќе се одржи од 2 до 13 февруари. 

Моментално се работи на поставување на подлогата на која ќе играат најдобрите футсал играчи на Европа, а италијанскиот експерт Паоло Маца изјави дека квалитетот на „мондо подлогата“ е на високо ниво:

„Димензиите на подлогата се 40 на 20 метри, доста е брза, но најважно не е лизгава. Самата површина е така дизајнирана што само топката се движи брзо, додека играчите нема да имаат поголеми проблеми. Впрочем ниту еден играч во последните пет години се нема повредено на „мондо подлогата“. Квалитетот е на високо ниво.“

Првиот натпревар од ЕП ќе се одигра на 2 февруари од 18.30 часот помеѓу домаќинот Србија и селекцијата на Словенија.