• Зоран Мишевски

Викендов започнаа натпреварите од Втора македонска футсал лига, со дванаесет екипи кои кандидираат за промоција во елитната категорија. Стартот донесе многу голови и очекувани резултати.
Кеги-Моби Велес, КМФ Конзули од Битола и Астибо забележаа убедливо победи и ја валоризираа подобрата игра, како фаворити и пред почетокот на шампионатот.
КМФ Конзули - КМФ Велешта 8-2:
Втора лига (прво коло):
СФК Проект Јосифово - КМФ Клими Кавадарци 2-5
Кеги-Моби Велес - Црешово топче 15-0
Астибо - Кардашлк 5-1
КМФ Конзули - КМФ Велешта 8-2
СЕЕ-Университи - Овче Поле 2013 2-8
Мал Ајакс - Форца 2015 4-4
Во второто коло, кое е на програмата следниот викенд, најголемо внимание привлекуваат натпреварите Овче Поле 2014 - Мал Ајакс и Кардашлк - КМФ Конзули.