Започна Меморијалот „Сокол2win 2024“, на отворањето натпревар на вардаровите легенди

Викендов започна дваесеттиот Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ – Сокол2win 2024. На фудбалското игралиште „Сокол“ во Карпош 1, каде вчера се одигра ревијален натпревар помеѓу легендите на Вардар, по што започнаа редовните натпревари на турнирот. 

На ревијалниот натпревар настапија: Златко Танчевски, Бобан Грнчаров, Един Нурединовски, Никола Глигоров, Александар Васоски, Александар Бајевски, Зоран Јовановски и уште многу, многу други.

„Оваа година е многу значајна за нас како организација затоа што нашиот роднина, другар, пријател..., Оливер Соколов – Сокол по многу работи е поврзан со Вардар. Од тука упатуваме голема благодарност до легендите на овој клуб кои изразија желба токму оваа година да се соберат и да го одбележат отворањето на Сокол2win 2024.

Легендата не е само личност, таа е мит, наследство и извор на инспирација за сите кои се осмелуваат да сонуваат! За да станете спортска легенда, мора да имате срце на шампион и душа на воин“, се вели во објавата на организаторот.

Во следните денови се очекуваат компетитивни натпревари и многу забава за присутните.