• Александар Ковачев
Футсал репрезентацијата на Србија на отворањето на ЕП во Белград, убедливо ја совлада соодветната селекција на Словенија со 5-1 (1-1). Натпреварот се одигра пред 11.000 гледачи во „Арена“
Репрезентацијата на Словенија подобро го отвори мечот и поведе со голот на Осредкар уште во 2. минута, а до одморот Србија изедначи на 1-1 со голот на Јанјиќ во 14. минута. Во вториот дел домаќините понесени од фантастичната атмосфера постигнаа уште четири гола. Најпрво Којчиќ во 21. минута донесе водство од 2-1, а за 3-1 во 27. минута погоди Рајичевиќ. Во 30. минута со својот втор гол Којчиќ донесе веќе убедливи 4-1, а конечните 5-1 ги постави Пршиќ во 34. минута.
Вториот дуел од денешната програма помеѓу Шпанија и Унгарија е во тек. Пласман во наредната фаза обезбедуваат првите две репрезентации од секоја група.