• Александар Ковачев
Во второто четвртфинале на ЕП во футсал во Белград репрезентацијата на Шпанија ја оправда фаворитската улога и заслужено славеше над Португалија со 6-2 (3-0).
Шпанија уште на стартот покажа дека е поквалитетен тим и не им дозволи на репрезентативците на Португалија да направат посериозна шанса пред нивниот гол. Првиот гол го постигна Мигелин во 13. минута, на 2-0 зголеми Ривилас во 15. минута. Сигурните 3-0 пред одморот ги постави Алекс во 18. минута, по грешка на Паулињо.
Во вториот дел Португалија заигра многу подобро, па во 23. минута најдобриот нивни играч намали на 3-1, а Шпанија по 30 секунди повторно имаше +3 (4-1), по голот на Раул Кампос. Рикардињо пак со магичен гол даде каква таква надеж за својата репрезентација во 26. минута.
Preocupado Ricardinho. pic.twitter.com/n3protZjXd
— Vicente Ortiz (@VicenteOrtizBla) February 8, 2016
Но се чини дека секоја надеж згасна по погодокот на Алекс за 5-2 во 35. минута. Конечните 6-2 ги постави Ривилос на 30 секунди до крајот. Шпанија во полуфиналето ќе го чека подобриот од утрешното полуфинале помеѓу Италија и Казакстан. Претходно пласман во полуфиналето обезбеди и домаќинот Србија со гол во последната секунда против Украина.