• Зоран Мишевски
Шпанија е нов европски првак во футсал откако во вечерашното финале во Белград ја декласира Русија со 7-3 (4-1) пред повеќе од 8.000 гледачи.
Без казнетиот Едер Лима, репрезентацијата на Русија беше целосно немоќна да се спротистави на фаворизираната Шпанија. Многу брзо Алекс го отвори резултатот во 9. минута. Џокерот Пола со два гола во 15. и 17. минута и меѓу нив гол на Ривилос, само ја дотолчија руската селекција.
На 5 секунди до одморот, Ромуло го постигна првиот гол за „зборнаја“ и на одмор се замина со 1-4 за „црвената фурија“.
Во вториот дел рискантната игра на Русите со пет играчи во поле и без голман ја казни Миегил со два гола и Ривелос со еден за финални 7-2. Робињо и Милованов ги постигнаа единствените голови во вториот дел за „зборнаја“. Шпанците ги добија сите натпревари и ја вратија европската круна по бронзата во Белгија пред две години.
Russia 3-7 Spain All Goals and Full Highlights... by sporttvks