ВИДЕО: Рикардињо добива конкуренција! Патиас без гледање ја погоди мрежата

Голот на Рикардињо на мечот против Србија пред два дена го обиколи светот како ретко видено ремек дело. Со тој гол сега ќе се споредуваат сите останати убави, важни и спектакуларни голови.

Еден таков гол синоќа постигна уште еден роден Бразилец, баш како Рикардињо. Италијанскиот репрезентативец роден во Бразил, Алесандро Патиас, реализира три гола во една минута во победата на европскиот првак Италија против Чешка со 7-0.

Еден од нив беше спектакулаен со пета и не гледајќи го голот. Доволно да биде прва сериозна конкуренција на Рикардињо.