ВИДЕО: Италија со 6-1 ја декласира нашата футсал репрезентација

Футсал репрезентативците на Македонија се радуваат по постигнат гол

Македонската футсал репрезентација, во првиот натпревар од квалификацискиот турнир за Светското првенство што се игра во Колумбија идната година, е поразена од домаќинот Италија со 6-1 (1-0).

Натпреварот беше решен во второто полувреме, кога нашата селекција прикажа многу слаба игра во одбраната. Единствениот гол за Македонија го постигна Адријан Мицевски во 24. минута од натпреварот. За Италија по еднаш погодија Романо, Јапа, Алекс Мерлим, Канал, Габриел Лима и Патиас. За македонската репрезентација дебитираше Бразилецот, Даниел. Сепак, овој пораз беше и очекуван.

Шанса за поправен испит ќе имаме утре во 18.00 часот, кога играме против селекцијата на Словачка, која ја совлада Молдавија со 3-1 во првиот меч од првото коло.