• Зоран Мишевски
Репрезентацијата на Казахстан дојде до првиот медал на футсал натпреварувањата, откако пред 11.000 гледачи во „Арена“ во Белград, ја совлада Србија со 2-5 (0-1) во мечот за бронзен медал на ЕП во футсал.
Доминираше Бразилецот кој настапува за Казахстан, Даглас кој постигна три гола. Меѓу стрелците се запишаа и Жаманлуков (најдобар стрелец на турнирот заедно со Рикардињо) и голманот Игита, кој погоди на празен гол.
Дури кога победникот беше одлучен, Ракиќ и Рајчевиќ ублажија за Србија. Финалето меѓу Шпанија и Русија почнува во 21.00 часот.