Велешани го декласираа Железарец со 13-1 и се доближија до титулата

Овој викенд продолжи футсал шампионатот на Македонија, а во првото пролетно коло се сретнаа веројатно стариот протв новиот шампион. Скопски Железарец загуби катастрофално од КМФ Велес со 1-13 во нерамноправен натпревар со јасна доминациа на велешани. По три гола постигнаа на Левески и Ранготов, два крај своето име запишаа Глигоров и Петровиќ, по еден за Исмаили и Тодоровски и еден автогол. 

Футсал прволигашот од Македонска Каменица, Рудник Саса, загуби од Јувентус Серава со 8-11, а прилепски Хедис славеше против кумановски Илирет со 12-6. Во последниот натпревар тетовски Универзитет на југоисточна Европа загуби од Шкупи со 5-7.

Велес е на водечката позиција пред веројатно единствениот конкурент Шкупи и со ова темпо е најсериозен кандидат да ја освои титулата.