Велес во тензично финале со Шкупи стана футсал-првак на Македонија

Екипата на КМФ Велес е првак во македонскиот футсал, откако одигра потребно реми со Шкупи (3-3) пред својата публика, во меч во кој имаше многу хаос и тензија.

На велешани им беше потребен само бод и ја остварија замислата. Наместо футсал, во финалето имаше повеќе тензија, како на трибините, така и на теренот.

Домашните навивачи го одбележаа мечот со многу чести вербални расправии со гостинските футсалци, кои донесоа националистички скандирања и пцовки, а двата тима на теренот играа доста остро и судиите имаа доста работа.

Во одредени моменти за да се смири ситуацијата, требаше да интервенира и полицијата.