Велес му се реваншираше на Шкупи и го освои Купот на Македонија

Велес

Футсал екипата на Велес е освојувач на македонскиот Куп, откако запиша убедлива победа во финалето над шампионот во првенството, Шкупи 6-3 (4-0).

Прашањето околу освојувачот на трофејот беше решено уште во првиот дел во кое домаќините стигнаа до убедлива предност, постигнувајќи четири гола. Херој на победничкиот тим беше Неловски, стрелец на хет-трик во денешното финале, а беше следен од Тодоровски кој двапати ја затресе мрежата на противникот.

Денешната победа на Велес беше реванш за загубеното првенство на Македонија, кога со реми на гости кај денешниот противник ја загуби трката за титулата.