Велес ја прескокна и втората пречка, против Валета ќе се бори за првото место

Македонскиот футсал првак КМФ Велес ја запиша втората победа на турнирот во Скопје во рамки од групата Е од УЕФА Лигата на шампиони.

По убедливиот триумф во првиот меч против Футсамба од Ирска, денес избраниците на Марјан Стефановски одиграа перфектно против Космос од Естонија и се радуваа со 4-0.

Дарко Ранготов ја продолжи голгетерската серија и постигна хет-трик на денешниот меч. Два гола беа постигнати во првиот дел, а печат на победата стави Александар Глигоров во 33. минута.

На патот од првото место и пласманот во следната фаза стои екипата на Валета од Малта, која исто така има два од два по воведните натпревари од групата. Мечот е закажан за в сабота со почеток од 20:00 часот.