Велес изгоре во чаирскиот „пекол“: Футсал дербито за Шкупи!

Футсал екипата на Шкупи славеше голема победа во дерби дуелот од Првата лига против тимот на Велес, кој вечерва во пеколен амбиент во Чаир беше совладан со резултат од 2-1 (2-0).

Чаирчани со оваа победа и понатаму сезонава останаа непоразени, додека за Велес ова беше прв сезонски пораз. Шкупи со денешниот триумф изби на лидерското место на табелата и сега е во пол-позиција за шампионската титула што би бил историски успех.

Што се однесува до самиот меч, кој безмалку се играше два часа, домашните футсал играчи првото полувреме го добија со 2-0. Во вториот дел подобар противник беше гостинот од Велес кој намали на 2-1, а во последните минути фрли се на една карта, па во нападот играше со маркер, но без голман, но и тоа не и беше од корист за да стигнат барем до бод.