• Горан Упале
На последната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука во која поранешниот селектор на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски, ќе ја извршува улогата на технички директор на нашата футсал репрезентација.
Познато е дека Скендеровски одлучи да ја напушти селекторската позиција по завршувањето на квалификациите за СП во Колумбија, кои се одиграа во Италија, a каде нашата футсал селекција не успеа да обезбеди понатамошен пласман, поради послабата гол разлика од Словачка.
Самиот Скендеровски истакна дека со неговата нова позиција и искуството кое го има стекнато во неговата кариера, ќе им стои на располагање на нашите футсал репрезентативци и ќе придонесе за развој на футсалот во Македонија.