• Сашо Поповски
Шпанското футсал првенство важи за едно од најдобрите на стариот континент. Од шампионатот на Пиринеите доаѓа прекрасен момент кој целосно го отсликува спортскиот дух на играта.
Се работи за гест на Солано, член на Химбе Картагена, на дуелот со Сарагоза. Гостинскиот играч не сакаше да постигне погодок од изгледна ситуација, бидејќи еден противнички играч лежеше на теренот поради повреда.
Неговиот тим имаше водство од 0-2, а можеше да ја зголеми предноста да не беше неговата „фер-плеј“ реакција.