УЕФА: Рекордот за најбрзиот хет-трик во футсал го доби Македонец

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и официјално му даде признание на нашиот футсал репрезентативец Адријан Мицевски за најбрз хет-трик на еден меч.

Мицевски на квалификацискиот меч за пласман на ЕП, одигран на 18 март минатата година, кога Македонија ја совлада Швајцарија со 7-6, постигна четири гола. Но, она што беше невобичаено, а коешто сега УЕФА го потврди, е најбрзиот хет-трик постигнат на еден футсал меч: три гола за 87 секунди.

Од неодамна Мицевски се пресели во шампионатот на Кипар, каде што со тимот на Омонија се бори за шампионската титула. Нашиот репрезентативец на пет одиграни меча има одличен ефект од 10 постигнати погодока.