УЕФА потврди: Македонија доби службени победи над Англија и ќе игра во главната футсал фаза

Репрезентацијата на Aнглија реши да не допатува во Скопје за бараж дуелите за пласман во главната квалификациска фаза пред Европското футсал првенство.

На осми и деветти ноември Македонија требаше да ја дочека селекцијата на „Гордиот албион“, ама поради ковид-ситуацијата во светот, тие одлучија да не дојдат, а нашата селекција заработи пласман без да го одигра дуелите. 

Сега пристигна и официјализација од УЕФА, дека двата меча ќе бидат запишани со службени победи од по 5-0. Покрај доделувањето на победите, федерацијата на Англија ќе мора да плати и симболична казна од 3.000 евра на УЕФА за одбивањето да допатува и да игра. 

Македонија ќе се најде во групата 4 со репрезентациите на Романија, Србија и БиХ, доколку УЕФА го потврди нашето учество во квалификациите за Европско првенство.