• Горан Упале
Најдобриот македонски футсал тим, Железарец без поголеми проблеми славеше убедлива победа од 11-4 на гостувањето во Куманово, кај екипата на Илирет. Ова е враќање на победите на „зелените“ по ремито со Велес во претходното коло.
Победата на првопласираната екипа ја најави Иван Крстевски постигнувајќи го 100. гол за Железарец оваа сезона. Покрај Крстевски, во листата на стрелците се запишаа и Петровиќ кој постигна два гола, Даниел Де Соуза беше автор на еден гол, додека Леовски и Глигоров постигнаа по три гола, а еден гол беше и дело на домашниот играч Хасан, кој несреќно ја смести топката во сопствената мрежа.
Железарец веќе утре од 21.30 часот во салата „Расадник“ ќе го пречека тимот на Јувентус Серава.