Турнир за мал фудбал во Прилеп воведува ВАР-систем за регуларност на натпреварите

Технологијата уште не дошла во мак-фудбалот и до овој момент само на домашните натпревари на сениорската репрезентација и во евро-куповите судиите имаат помош од ВАР-собата и телевизиска поддршка. Еден традиционален турнир во мал фудбал воведува ВАР-технологија за регуларноста на турнирот да биде на највисоко ниво.

Прилеп започна со подготовките за организирањето на градската слава „Св Никола“ и традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2023“. Нема промени во однос на форматот на одигрување на натпреварите од минатата година, односно 32 екипи ќе бидат поделени во групи, а доколку има пријавени повеќе екипи, истите ќе бидат вметнати во групите.

„На четвртфиналните, полуфинналните и финалниот натпревар ќе користиме помош од ВАР-системот. Доколку има спорна ситуација, судијата ќе може да ја прегледа на монитар до теренот. Од осминафиналето сите натпревари ќе се емитуваат директно на стрим-платформа“, рече на прес-конференцијата претседателот на здружението „Мрков град Прилеп“, Александар Крстески. 

Наградниот фонд за ова издание на турнирот е повеќе од 450.000 илјади денари. Победникот ќе добие 260.000 денари, за второ место се обезбедени 130.000, а за трето 70.000.

Турнирот започнува од осми декември и ќе трае до шеснаесет дена.