Тројца македонски арбитри делегирани за главната фаза на ЛШ во футсал

Македонски фудбалски судии имаат задолженија во главната фаза на Лигата на шампионите во футсал. Дури три претставници на структурите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се најдоа на листата на УЕФА за ова натпреварување, што низ историјата досега никогаш не било случај. 

Марјан Младеновски, Јосип Бартон и Доне Ристовски се тројцата арбитри кои ќе делат правда на натпревари во Лигата на шампионите. Младеновски е делегиран за натпревари од групата 7 во Литванија, Бартон ќе патува во групата 1 во Белгија, додека Ристовски ќе оди на Малта во група 3. 

Тројцата интернационалци добија огромна чест да делат правда на натпревари од главната фаза на Лигата на шампионите. Групите во елитното футсал натпреварување се закажани од 25 до 30 октомври.