ВИДЕО: Тренер во Србија кој е обвинет за воени злосторства тепаше играч среде натпревар

На футсал натпреварот во Србија помеѓу САС од Зрењанин и екипата на ФОН Бањица (6-4) се случи инцидент во кој главна улога имаше тренерот Миливој Батиница. Овој човек е тренер на домашната екипа, а немилиот инцидент се случи во текот на првото полувреме.

Имено, Батиница влезе во конфликт со еден од своите играчи. Прво го повлече за дресот, а потоа почна да го удира по вратот и главата. Целиот инцидент е снимен, па сигурно дека Батиница ќе биде казнет.

Кога ќе се погледне неговиот живот, таа реченица е најмалиот проблем со кој треба да се соочи Батиница. Имено, Батиница беше обвинет за воени злосторства во Кравице кај Сребреница во 1995 година. Судењето трае веќе седум години и сè уште не е завршено. Покрај тоа, тој е член на партијата на Вучиќ и еден од основачите на СНС во Зрењанин.