Трагедија во БиХ: Почина еден од најдобрите босански футсалери

Челигија

Босанските медиуми пренесуваат шокантни вести поврзани со еден од најдобрите футсалери.

Џенан Челигија почина на тренинг на 32-годишна возраст. Тој беше член на екипата на Коњица, за која постигна гол во неделата, а ден подоцна имаше кобни проблеми со здравјето на една тренинг сесија.

Првичните сомнежи беа дека Челигија доживеал срцев удар. Докторите направија максимални  напори да му го спасат животот, но на крај се покажа дека мозочен удар е причината за неговата смрт.

Покрај за футсал екипи од БиХ, искусниот играч беше дел и од тимови од Хрватска, Германија и Кина.