• Сашо Поповски
Една од најдобрите светски футсал лиги е шпанската, а најголемото дерби е она помеѓу екипите на Интер Мовистар и Мурсија. Двата тима одиграа феноменален натпревар, полн со одлични потези и голови, но она што го обележа истиот е тепачката при крајот на дуелот.
Најдобриот футсалец на денешницата, Рикардињо погоди двапати за екипата на Интер, но при резултат 5-4 е случи и немилиот настан. Целата ситуација избувна при изедувањето на еден аут, по кој започна кавга меѓу двајца од актерите на теренот.
Набрзо сите играчи влетаа на теренот, а резултатот беше тројца исклучени играчи на Интер, и двајца на Мурсија.