Тажен ден за футсалот: Легендарниот Фалкао замина во заслужена пензија!

Фалкао футсал

Најголемото име кое се појавило на футсал терените е Бразилецот Фалкао, на кого му се восхитувале имиња како Робињо, Роналдињо, Кака, Нејмар и уште многу други.

Денес е тажен ден за сите негови фанови, бидејќи со официјална порака на Инстаграм, 41-годишникот потврди дека заминува во пензија.

Богатата кариера ја зачини со една светска титула, четири пати ја освојуваше наградата најдобар играч на светот (2004, 2006, 2011, 2012), а беше најдобар стрелец на СП во 2004 година.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Fim - The End

A post shared by falcao12oficial (@falcao12oficial) on

Крајот на играчката кариера го збогати со два гола во победата над Парагвај од 4-2.

Со Бразил беше доминантен, постигна над 400 гола, а ќе остане запаметен по својата брилијантна игра и магијата која секогаш ја прикажуваше кога ќе се појавеше на терен.