„Супер-класико“ во финалето на Мундијалот во футсал во Узбекистан

Светската титула во футсал се сели во Јужна Америка, а првпат „Супер-класико“ ќе го даде новиот мундијалски владетел.

Бразил и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство во футсал кое се одржува во Узбекистан. Бразил ја победи Украина со 3-2, а Аргентина со истиот резултат ја надигра Франција.

Неделното ќе биде седмо финале за Бразил, кој зад себе има рекордни пет светски титули, додека Аргентина влезе во третото последователно финале, а ќе се обиде по втор пат да стане светски првак.

Иако Бразил и Аргентина освоија вкупно шест титули на светските првенства, ова ќе биде прво финале меѓу двете јужноамерикански репрезентации. Дуелот за бронзениот медал меѓу Украина и Франција, како и финалето меѓу Бразил и Аргентина ќе се играат на 6 октомври.