Струга за првпат во историјата доби футсал клуб

Нешто што недостасуваше во градот Струга го има од денес. Енхалон 2020 е името на новиот футсал-клуб создаден во градот крај езерото.

Овој колектив го формираа Садик Волина, Мухамед Моме Шаиноски, Артан Кома, Благоја Бојчевски и Перпарим Беќири.

„Иницијативата да формираме футсал-клуб пристигна по нашата желба да направиме нешто за овој град, за нашите млади луѓе кои треба да живеат здрав живот и да спортуваат“, велат од клубот Енхалон.

Ова е прв пат во историјата Струга да има свој футсал-тим.