Стартува футсал шампионатот на Македонија, дерби уште во првото коло

Денес официјално почнува новиот футсал шампионат на Македонија. Титулата од прекинатото првенство ја брани КМФ Проект, кој веќе ја претставуваше нашата земја во квалификациите на Лигата на шампионите. 

Актуелниот шампион в недела го очекува дерби натпреварот против најтрофејниот македонски футсал клуб - Железарец. Овие две екипи, заедно со Шкупи, се кандидати за титула и оваа сезона. 

Петок:
КМФ Шкендија – КМФ Арбен Бајрами 
КМФ Црна Река – КМФ Енхалон 
Сабота:
КМФ Карадаку – КМФ Велес 
КМФ Јувентус – КМФ Шкупи 
КМФ Железарец – КМФ Проект

Шампионатот ќе се игра двокружно, секој со секого на домашен и гостински терен.