Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

Владимир Јовановиќ одлучил јавно да му го честита роденденот на претседателот на Русија, Владимир Путин, а поради тоа останал без работа.

Српскиот футсал тренер беше предводник на естонскиот тим Смрсах, но по роденденската честитка до првиот човек на Русија - доби отказ.

„Да живеете, имењак. Срби и Руси, браќа засекогаш“, напишал Јовановиќ. 

Веднаш потоа ја загуби својата работа и испрати нова порака.

„Јас сум спортист од земја која има свои традиции, исто како и Естонците кои имаат свои. Ги почитувам сите, но никој на планетава не може да ми каже како да размислувам. Тоа се вика слобода на говор, тоа е демократија. Жал ми е дека го доживеав ова горко искуство на таа тема“, рече Јовановиќ.

Српскиот стручњак го презеде клубот на крајот на декември минатата година, потпишувајќи договор на година и пол. Смсраха е повеќекратен шампион на Естонија.

Рускиот претседател во саботата наполни 71 година. Поради војната во Украина, тој стана омразен од многумина ширум светот и неговите одлуки се осудени, но од друга страна, некои луѓе го обожаваат и се гордеат со него.