ФОТО: Српски навивачи провоцираа со четнички војвода на дуелот Хрватска - Русија

Голема провокација се случи на вчерашниот дуел помеѓу футсал репрезентациите на Хрватска и Русија. Имено, српските навивачи ги пречекаа хрватските репрезентативци со Момчило Џујиќ, кој е познат по своите воени дела од Втората светска војна против усташите. 

Хрватската репрезентација не сакаше да игра, додека транспарентот не се тргне од трибините. УЕФА се погрижи истиот да се отстрани и натпреварот да продолжи. 

Одложувањето на натпреварот не им помогна на Хрватите, кои одиграа нерешено (2-2) и го завршија учеството на Европското првенство.