• Зоран Мишевски
Српската футсал репрезентација направи големо изнена дување и ја победи четвртата селекција од последниот шампионат во Антверпен, водена од феноменалниот Рикардињо (3-1).
Во скоро, па полната „Арена“, момците на српскиот селектор Ковачевиќ целосно го контролираа резултатот и играта. Коциќ во 8. минута го отвори резултат, а генијалноста на Рикардињо во 15. минута донесе изедначување.
Сепак во вториот дел со головите на Рајчевиќ во 37 и Шимиќ во последната минута, Србија го доби мечот со 3-1 (1-1). Двете репрезентации минуваат во четвртфиналето кое почнува наредната недела. Претходно во текот на денот Шпанија ја победи Украина до 4-1, и овие две селекции продолжуваат во елиминационатаа фаза.