Спортинг во четвртиот обид стигна до прва титула во ЛШ, во финалето го надигра Каират

Спортинг

Овогодишното финале на Лигата на шампионите во футсал му припадна на Спортинг од Лисабон.

Португалскиот претставник во големото финале го надигра Каират од Казахстан со 1-2.

Голманите и нивните интервенции го одбележаа првиот дел и се погрижија во истиот да нема ниту еден погодок. Кавинат во продолжението донесе водство за „зелено-белите“, а Алекс Мерлим зголеми по пет минути и ја најави големата победа.

Намалување на резултатот и конечен резултат донесе Даглас Коста кој искористи една акција во завршницата со човек повеќе на теренот.

За Спортинг ова е историска прва титула во четвртото одиграно финале во најдоброто футсал натпреварување во Европа.