Спортинг ја надигра Барса и вторпат стана европски првак во футсал

Спортинг Лисабон е победник во Лигата на шампионите во футсал, совладувајќи ја Барселона со 4-3 во финалето во Задар. Барселона водеше со 2-0 во првото полувреме, но Спортинг се врати во игра во второто полувреме.

Во 26. минута мрежата на Барселона ја затресе Зики, а Ерик израмни четири минути подоцна. Жоао Матос го доведе Спортинг во водство во 30. минута, а шест минути подоцна Пани Варела зголеми на 4-2. Трет гол за утеха за Барселона постигна Ферао во 37. минута од натпреварот.

Ова е втора титула за Спортинг, по 2019 година и четврто финале во последните пет години. Спортинг во полуфиналето го победи шпански Интер со 5-2, а Барса го елиминира Каират Алмати со 3-2.