Со два гола во последната минута македонските футсалци избегнаа пораз во Зеница

Македонската футсал репрезентција одигра 2-2 (1-0) во вториот контролен меч против Босна и Херцеговина, овој пат во Зеница. 

Шуњиќ во 9. минута ги доведе Босанците во водство и со таа минимална предност се отиде на одмор. Иванковиќ во 36. минута зголеми на 2-0 и се чинеше дека БиХ ќе ни се реваншира за поразот пред два дена. 

Со два гола во последната минута Македонија избегна пораз, откако Даниел Де Соуза и Драган Петровиќ постигнаа два погодоци за репрезентацијата водена од новиот селектор Иван Божовиќ. Последниот од четирите гола во мечот падна на 2 секунди пред крајот.