• Зоран Мишевски
Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од први до седми април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024", кој ќе се одржи во хрватскиот гград Умаг.
Нашите млади футсал играчи се наоѓаат во групата Б заедно со селекциите на Словенија, домаќинот Хрватска и Соединетите Американски Држави до 18 години. Во групата А од меѓународниот турнир се наоѓаат селекциите на Франција, Словачка, Соединетите Американски Држави до 19 години и Црна Гора.
Селекторот на младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, за претстојниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024", се одлучи да ги повика следните фудбалери: Кристијан Гавровски, Давид Тоневски, Петар Постоловски, Матеј Митровски, Марко Јанушев, Петар Каров, Драган Цветковски (голман), Убејд Бериш, Стефан Апостолоски, Илија Јанкуловски, Ивица Ангелески, Марио Јанев, Никола Стоимировски, Алек Тошевски (голман).
Во првиот меч, нашата футсал репрезентација ќе се соочи со Словенија, на втори април со почеток во 18:00 часот. Во второто коло кое е на програмата на трети април играме со домаќинот Хрватска, во 18:00 часот. На петти април, со почеток во 13:00 часот ќе играме со Соединетите Американски Држави во рамките на третото коло од турнирот.