Скендеровски: Железарец е минато, сега време е од Велес да направиме бренд!

Досегашниот главен спонзор на македонскиот футсал шампион Железарец и поранешен селектор, Васко Склендеровски поради недоразбирања со дел од управата го напушти клубот и ќе го презеде КМФ Велес. Тој таму ќе биде носител на проектот, а по тој повод денес одржа и прес-конференција. Скендеровски потенцираше дека пред него е голем предизвик, но со оптимизам гледа на иднината.  

„Иако се пишуваше изминатите месеци дека се повлекувал од футсалот, во тоа нема вистина, бидејќи никогаш не сум планирал да си заминам од клубскиот футсал. Моите, а и амбициите на луѓето е Велес да стана еден модерен европски клуб. Не би сакал во оваа прилика да зборувам за причините зошто го напуштивме Железарец, бидејќи тоа е долга приказна, за која што ќе ни треба многу време. Воглавно тоа бешеа недоразбирање меѓу мене, кој беше главен спонзор на клубот и дел на управата на Железарец. Во меѓувреме се договоривме со луѓето од Велес, каде сакаме да направиме бренд за футсалот во Македонија и пошироко“, рече Васко Скендеровски. 

Претседателот на клубот, Бојана Скендеровски потенцираше дека Велес не е случајно одбран, туку по долга опсервација и со цел футсалот да се популаризира и надвор од главниот град, инвестицијата е насочена кон Велес.

„Ќе дадеме масимум организацијата да биде на едно високо ниво. Во управата се одбрани луѓе кои верувам дека имаат квалитет и ќе се трудат се да функционира беспрекорно и се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата“, истакна претседателот на клубот.

Скенедровски најави и подобрување на условите во спортската сала во Велес, како и можност да се учествува во Лигата на шампионите уште оваа сезона, ако Железарец го откаже учеството.